Еве една салата, ем брзо, ем вкусно, ем здраво, а и разладувачко ручече. Не сме баш ние научени на вакви салати кои треба да го заменат целиот оброк, но некако тоа беше првото што го прифатив во туѓина, зашто е по мој вкус. Знаеме да ги ситниме салатите, оние француските, ама ете може и вака, свежа, сочна, баш летна, одлична за горештините!
Состојки
- пилешки гради
- просо
- зелена салата
- пиперка
- домат
- тиквица
- ротквица
- целер
- маслиново масло
- зачини, цитронел, сол
Сос
- мајонез со кари
- сенф
- кисело млеко
- маслиново масло
- лук
- лимон
- зачини, црн бибер, цитронел
Подготовка
- Џшнете го пилешкото на коцки, на маслиново масло, на тефлон или грил тавче.
Доколку имате пак веќе подготвено месо и ви останало, искористете го! - Сварете две шаки просо.
- Измешајте ги состојките за сос, доволно е по две лажици, а кисело млеко повеќе, ќе мора да пробате и да си го дотерате на вкус. Додадете малку лимон, пресиран лук и зачини по желба, црн бибер, сол, цитронел…
- Исецкајте го зеленчукот, ставете го во сад за салата, додадете го месото, просото…промешајте.
- Одозгора прелијте го сосот, не ставив многу за да се види салатата, а потоа ставив повеќе, треба да не е сува, но не и целосно во сос.
Ете модерни да сме де, да не нé третираат заостанати, салати колку сакаш, избор каков сакаш и каков имаш…Најубавите салати се од јадењата кои ни останале, а кога сте двајца, нема поголема инспирација 🙂
Пријатно!