Табуле со кус кус

Салата на салатите, ќе ја наречам! Домашно табуле, рецепт на семејството на Мишел. И не сум пробала поубава салата од овој тип.

Најчесто ја комбинираме со скара, но знае да си го најде местото во лето и во други комбинации.

 

Состојки

  • 1,5 чаша кус кус
  • 1 лажиче концентрат бујон
  • 1,5 чаша вода
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 10 корнишончиња
  • свежа мента, а ако е сува се става повеќе
  • лимонов сок

Постапка

  1. Најпрво се прави бујонот, лажиче бујон или коцка говедска супа се вари во иста мерка вода како и мерка за кус кусот.
  2. Бујонот треба малку да се олади.
  3. Во длабок сад се става кус кус и му се додава бујонот. Се меша оддолу нагоре за кус кусот да не стане каша, зрната треба да си останат цели.
  4. Додека се лади малку се сецкаат пиперките и корнишоните, па се додаваат.
  5. Се додава лимоновиот сок и нането.
  6. Се лади, се покрива и се остава во фрижидер да се појави вкусот на состојките.

Мишел ја прави перфектно, но веќе и јас сум мајстор.

Салатата е толку освежителна за овие горештини, топло ви ја препорачувам 🙂

Доколку сакате да е посна, направете ја со зеленчукова коцка за супа.

И еве да нагласам повторно, тоа е рецепт домашен, не е оригинална салата од Либан и Сирија. Семејството на маж ми си направиле своја варијанта, која како да е повеќе под француско влијание.

 

 

 

Напишете коментар