Летна салата со пилешко

Летна салата со пилешко
Летна салата со пилешко

Еве една салата, ем брзо, ем вкусно, ем здраво, а и разладувачко ручече. Не сме баш ние научени на вакви салати кои треба да го заменат целиот оброк, но некако тоа беше првото што го прифатив во туѓина, зашто е по мој вкус. Знаеме да ги ситниме салатите, оние француските, ама ете може и вака, свежа, сочна, баш летна, одлична за горештините!

Состојки

  • пилешки гради
  • просо
  • зелена салата
  • пиперка
  • домат
  • тиквица
  • ротквица
  • целер
  • маслиново масло
  • зачини, цитронел, сол

Сос

  • мајонез со кари
  • сенф
  • кисело млеко
  • маслиново масло
  • лук
  • лимон
  • зачини, црн бибер, цитронел

Подготовка

  1. Џшнете го пилешкото на коцки, на маслиново масло, на тефлон или грил тавче.
    Доколку имате пак веќе подготвено месо и ви останало, искористете го!
  2. Сварете две шаки просо.
  3. Измешајте ги состојките за сос, доволно е по две лажици, а кисело млеко повеќе, ќе мора да пробате и да си го дотерате на вкус. Додадете малку лимон, пресиран лук и зачини по желба, црн бибер, сол, цитронел…
  4. Исецкајте го зеленчукот, ставете го во сад за салата, додадете го месото, просото…промешајте.
  5. Одозгора прелијте го сосот, не ставив многу за да се види салатата, а потоа ставив повеќе, треба да не е сува, но не и целосно во сос.

 

Ете модерни да сме де, да не нé третираат заостанати, салати колку сакаш, избор каков сакаш и каков имаш…Најубавите салати се од јадењата кои ни останале, а кога сте двајца, нема поголема инспирација 🙂

Пријатно!

 

Летна салата со пилешко

 

Напишете коментар