Тогаш кога ја правев оваа чорба, знам дека правев и бело пире, па зелнкасто пире, здрава храна, према потребите 🙂 Пире или крем чорба, нема разлика, здрав зеленчук е важно, може малку поводена да е чорбата. Пирето го користам како прилог на многу работи, не само на месо..
Е сега јас не сум нутриционист, си признавам 🙂 , и не можам да ви кажувам ништо повеќе од она што е основно, што го знаеме, и што го има на интернетот кој е полн со стручни текстови ама и нестручни, затоа внимавајте! Многу е важно компетентни лица да ве советуваат.
И така тој ден, правев бела чорба, крем чорба од бел зеленчук, ама на сликте не е бела 🙂
Има она нијанса на зеленко од целерот, од празот, ама ептен џишнала сликата 🙂 Ех кога немам професионално светло, така е 🙂
Состојки
- праз
- зелка
- кељ
- кромид
- тиквичка лупена
- лук
- целер
- карфиол
- ленено семе
- сол, бел бибер
- маслиново масло
- лимонов сок
- морков за украс
- мускатно оревче
Постапка
- Се зоврива вода со сол и масло, се сецкаат измиените состојки и се додаваат, се варат покриени.
- На карфиолот му треба малку варење, ставете го подоцна.
- Изблендирајте ги состојкте, додадете зачини, ленено семе и лимонов сок.
Сервирајте со рендан свеж морков.
Преубава е, вистина е преубава мојата бела, а зелена чорба! Има посебен шмек од мускатното оревче.
Пријатно!