Ивини тортици

Ивини тортици
Ивини тортици

 

Тортиците сум ги правела 2014 година, не сум ги објавила никогаш како и многу други рецепти.

Направени се од пченица, ореви и слатко од портокал.

Здрав десерт, но и оброк за време на пости.

Состојки

  • пченица
  •  шака – две, ореви
  • неколку кришки слатко од портокал

Постапка

  1. Пченицата треба да ви е сварена. Според старинскиот струмички рецепт, се вари од вечер околу половина час, се покрива и се завиткува во ќебе. Утредента цела вода е земена, пченицата набубрена убаво. Но може да си ја сварите и побрзо.
  2. Во блендер се става сварена пченица, ореви и слатко.
  3. Смесата сум ја ставила во некои калапчиња за да биде убаво сервирана, со течно чоколадо и ливчиња од бадеми, врз парчиња слатко, а и малку шербет од слаткото.
    Можете едноставно да направите бомбици.

Можете да импровизирате како сакате за сервирање, се сеќавам дека вкусот беше преубав, одлична комбинација, посебно заради слаткото и шербетот што на тортиците им дава сочност.
Рецепт за слаткото имате овде.

Пријатно!

Напишете коментар