После Агнесата, бајадерата ми е врв, што велат 🙂 Нема поубав вкус од старинските колачи, кои ете ми останаа необјавени на блогот, а ги вртам уште од 2012 год. низ фб.
Сум ги носела на разни настани и можам да заклучам, странците ги обожуваат.
Свинско филе со зеленчук и кашкавал
Правам најразлични ролати од месо, за гости ми е најубав ручек, односно за празници, баш е свечен ручек.
Одлично се вклопува дури и во некои диети, комбинацијата ви ја препорачувам 🙂
Вкусни фурнаринки
Често се на нашата трпеза во најразлични варијанти. Одлично одат со павлака, кисело млеко, летна манџа, со таратор, со било какво мезе, и летно време и зимно. Грицкави, мирисни, превкусни.
Фотографиите ми се од Велигденската трпеза…
Бурек со македонски кори
И ете коначно да направам бурек со наши кори, тенки, вкусни, ниту се кршат, ниту стануваат сол, ниту, ниту…можам така да редам до утре сабајле. Не се споредуваат, не 🙂
Кокосовки
Не ми се верува дека цела година не сум ги постирала овие суви колачиња кои нема кој не ги сака. Брзи, вкусни, издашни, погодни за замрзнување.
Во Струмица, откако кокосот стана актуелен, редовно се правеа, и за арно, и за лошо, а бидејќи се посни уште повеќе си го најдоа своето место.
Макало со компир и суви пиперки на мој начин
Макалото е потипично за западниот дел на Македонија, каде сувите пиперки се неизбежен дел од кујната. Рецептите се многубројни, за разлика од југоисточниот дел каде има пак и сосема поинакви рецепти. Самото поднебје, односнo услови и клима го одредувале тој начин на обработка на пиперките.
Continue reading “Макало со компир и суви пиперки на мој начин”
Јанија, посна
Не дека јанија со месо не е убава, преубава е, но кога би бирала, секогаш посна би одбрала.
Кај нас јаниита се прави со компир, пиперка, морков и домат. Побогата е ако има и бамји кога им е сезоната. Знам дека секое семејство си врти по свое, грешки нема, без варијанти не се може, како сите би биле среќни 🙂
Топено сирење
Кај нас сирењето воглавно се пржи, мајка ми не може да го јаде непржено, а иста беше и Ива, тешко го поднесуваше мирисот на свежо сирење. Баба ми Донка, по татко ми, исто, никако непржено.
И така за појадок или вечера, прженото сирење, прво на листата, цел живот 🙂
Тавче грав со зелка
Кога ќе ви остане грав, можете да направите вакво тавче. Брзо се прави, многу вкусно е, а и здраво. Оваа тавче доаѓа од селска кујна, на која и нема замена, на која ништо не може да и биде конкуренција. Најубавиот леб, најубавите јадења под вршник, тави, манџи, зелници, по мој вкус се, и со ништо споредливи.
Начинот на подготовката, спороста на готвењето, природните состојки, досетливоста на домаќините, комбинациите на храната, уникатните вкусови на пржено месо, колбаси… сето тоа ја прави уникатна.
Поховано пилешко и пиперки
Колку и да избегнувам поховано, понекогаш не можам да се воздржам. Мајка ми многу правеше, шницли, патлиџани, тиквици, сето тоа се подготвуваше поховано, не како денес…
Така бевме навикнати, преубав вкус! Потоа дојдоа времиња кога многу се пишуваше да се избегнува, заради зејтинот кој прегорува, заради брашното…Но и на тоа се наоѓа решение, па може да си дозволиме понекогаш.