Многу рецепти, многу фотографии, се трудам да ги најдам сите сезонски кои не се објавени…
Ивини колачиња со модри сливи
Кога бевме мали, мајка ми често печеше сливи со ореви.
Може да биде прекрасно слатко, но исто така и преубави колачиња, ем без речиси никаква работа, а многу вкусни.
Кога се брзате, и немате време да се посветите на кујната, е тогаш се добредојдени, а посебно добредојдени за младите вработени мајки.
Се сеќавам кога Ива беше мала, печев сливи со ореви и јас, само ете, таа генерација ги збогативме колачите и со шлаг, што им дава уште поубав вкус, иако и без шлаг се со посебен вкус.
Летен зеленчуков ручек
Еве еден прекрасен летен оброк на рингла, со сите зеленчуци.
Сите витамини се овде, сите вкусови сочувани, за мерак.
Ивини бомбици од палента
Палентата, кога дојдов овде, веднаш ја прекрстив, полента се вели. Не сум си го заборавила јазикот, таман работа, но ете палентата, лесно стана полента.
Бомбици од урда
Подготвувајќи ја летната даска, сакав да направам мали бомбици, солени, онака мераклиски, но и здрави. Изборот падна на оризови, со палента и со урда.
Бомбици од ориз и мелено месо
Бомбици од ориз имам одамна објавено, но како по обичај, на блогот, прво од поновите почнувам. И солени и благи, мене ми се превкусни. Ги правев со зеленчук, со слатко од дуњи чинам беше, убавини, ги имам на страницата “Со љубов, за вас”.
Ќе се потрудам да ги поставам овде и нив, брзо.
Овие се солени, со мелено месо.
Летно мезе
Летна даска, полна здравје!
Кога подготвувам модри патлиџани, секогаш комбинациите ги вртам или кисело млеко, крем сирење, лук, магданос или домати.
Е сега малку поинакви ги правев, нови комбинации, од здраво, поздраво.
Рататуј салата со два соса
Тиквици, пиперки, карфиол, лук, одлична комбинација за салата. Не знам дали некој во светот рататујот го смета за салата, но мене ми е баш тоа, кога е вака подготвен…
Медалјони со рататуј
Свинските медаљони се добри за во лето, не бараат долга подготовка.
Овој пат во комбинација со рататуј 🙂 Continue reading “Медалјони со рататуј”
Посен рататуј
Во семејството на маж ми, рататуј се правел со мелено месо, модар патлиџан, тиквица, домати и пиперки, кромид и лук, на коцки, варено на рингла.Така си сакале, како јанија…