Ружички од кори

кори
кори

 

И овие ружички се многу брзи и лесни за правење. Сé што ви треба се убави еластични кори, фил по желба и имате декоративни ружички, а толку вкусни, крцкави и миризливи.

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • 0,5 дл зејтин
  • 1 дл кисела вода
  • 1 дл кисело млеко

Фил

  • павлака према потреба
  • мортадела
  • пиперка
  • магданос
  • триена сол
  • сол
  • жолчка и зејтин за одозгора
  • малку магданос и афион за украсување

Постапка

  1. Се подготвува зејтинот, водата и киселото млеко.
  2. Исто така се подготвува филот, се сецкаат ситно пиперката и мортаделата, се мешаат сите состојки со павлаката.
  3. Секоја кора се сече дијагонално, парчето се фаќа во средина и се врти во круг како на сликата.
  4. Се прска од течноста, се става филот во средината, се затвора со преклопување и се превртува.
  5. Се добива ружичка, ако е затворена ќе ја подотворите малку.
  6. Се прокапува зејтин, се мачкаат жолчка и се печат на 200 степени околу 20 минути, но ќе проверите.
  7. Кога ќе се подизладат, се става магданос на секоја ружичка.

Навистина се декоративни, ви ги препорачувам за празникот. Мене ми фалеше малку сол, вие како сакате. Павлаката треба да е густа, да не се растече филот.

Пријатно!

Ружички од кориРужички од кориРужички од кориРужички од кориРужички од кориРужички од кориРужички од кориРужички од кори

Напишете коментар