Ете денес набрзинка да напишам еден едноставен рецепт, но многу важен. Печурките ни станаа придружна храна и нé инспирираат да ги подготвуваме на свој начин, по рецепти од светот или секогаш со подлога од традицијата, ех, пиперките затоа се овде. Ова е еден од моите начини.
Секако ќе следуваат разни рецепти.
Некои ги варат, некои ги пржат, како и да е, мене многу ми е важен изгледот на печурките.
Не можам да јадам црни печурки, веднаш велам ааа, станале џигер, ми се има случено и мене…
Изгледот на печурките мами, треба да си останат лични, нема што…
Состојки
- 500 гр печурки
- 1-2 црвени пиперки (може и сува)
- лук
- магданос
- сол, црн пипер, по желба сушен зачин
- зејтин
Постапка
- Во светот печурките не ги мијат, ги бришат, ама ајде де, не сум се осмелила! Вие како сакате.
Ако се големи, расечете ги на крупно. - Исецкајте пиперки, пржете ги на зејтин.
- Печурките се пржат на силен оган, всушност треба да се потпечат на рингла, да добијат боја и да не ја губат водата, овој рецепт е таков. За почеток, пржете ги одделно за да ги контролирате полесно, а потоа можете заедно.
- На крај, се додава лукче, се пржи и тоа малку, зачини и магданос.
Целта е да се потпечат печурките, тогаш имаат убав изглед. Ги комбинираме по желба, добредојдени се секогаш. Овој рецепт е базичен, следуваат многу надградби.
Добар апетит!
[gallery_one id=”3539″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]