Еве најпосле и струмички чалбур, оригинален рецепт 🙂 На мојата страница “Со љубов,за вас” го имав објавено одамна, на Coolinarika исто така, но дури сега му дојде времето на блогот. Пробајте, старински вкус и арома која не ве остава рамнодушни…
Состојки
- јајца
- брашно
- црвен пипер
- сирење
- лук
- сол, буковец, црн пипер,магданос
- зејтин
Постапка
- Се пржи лажица-две брашно внимателно, пред крај се додава црвениот пипер.
- Се додава ладна вода и се остава да вари на средна температура со мешање…
- Во водата се спушта сирење на мали парченца и лук на тенки листови.
- Потоа се ставаат јајца и зачини.
- Се вари до саканата цврстина на жолчката.
- Се прелива со испржен црвен пипер и буковец.
Брзо и вкусно јадење, за 15 минути е готово 🙂 Битно за да не изгори црвениот пипер е да го тргнете тавчето на страна со угорениот зејтин и тогаш да го додадете црвениот пипер и буковец.
Секако ви треба бајаги лепче како и за секоја наша манџичка 🙂
Жолчките по желба, ние сакаме да не се многу сварени.
И да ве потсетам, ова се јајцата на вода, толку познати во светот 🙂