Риба во сос

 

Еве една старинска тава која ја имам во две варијанти, едната е со кромид, другата со лук.

Таа со лук баба и на Ива ја викаше нероврсто, така и мене ми остана, ќе ставам рецепт друг пат.
А денес со кромид, преубава тава која и баба ми и моите ја правеа, па и јас, секој со свои мали измени…
Можете да ја направите со која сакате риба, јас ја правев со пастрмка овој пат, ако рибата е без трње, без коски, поубаво е.

Состојки

  • риба
  • 2-3 глави кромид
  • 1 пиперка
  • 1-2 моркови
  • 5-6 домати
  • дафинов лист
  • 1 лажица брашно
  • магданос
  • сол, црвен пипер, мешан сув зачин, црн пипер во зрна
  • маслиново масло

Постапка

  1. Се пржат пиперката и морковите на ситни парчиња, а кромидот на кругови.
  2. Кога се испржени им се додаваат доматите, излупени и на коцки. Можете да користите и замрзнати во зимо. Јас додавам и малку агда, концентрат.
  3. Откако ќе се испржи, се додава брашното растворено во водичка, зачините.
  4. Се става во тава за печење, се додава вода по потреба и се редат рибите одозгора.
  5. Се пече на 200 степени.

Се комбинира со некои тестенини или ориз, компир…Но и без ништо е одлично, само лепче повеќе ви треба 🙂

 

 

Напишете коментар