Пастелни јајца за Велигден

 

Верувам дека вие знаете поубаво од мене да вапцувате јајца, сега се достапни премногу техники и треба само малку воља.
Не сум ги испробала сите начини, секако, а оваа година посакав пастелни бои. Догодина и нив ќе ги дотерам повеќе, сега беше како за прв пат. Важно е да се со многу кратко време на допир со бојата.
Е за да ми биде сé во знакот на шеќерчињата, посипани се и они, а се лепат со белка. Исто и чипката се лепи со белка.
Сакав да направам на старинскиот начин со тантелата во чорапа, како што ставаме зеленко, но заради краткото потопување во бојата, не се појавува тантелата, па морав вака.

П.С. Лилата е за контраст 🙂

Продолжи со читање “Пастелни јајца за Велигден”