Често се на нашата трпеза во најразлични варијанти. Одлично одат со павлака, кисело млеко, летна манџа, со таратор, со било какво мезе, и летно време и зимно. Грицкави, мирисни, превкусни.
Фотографиите ми се од Велигденската трпеза…
Ознака: крем сирење
Лиснати погачици со младо кромитче
Благодарение на видеата, денес може лесно да се направат сите рецепти. За жал, не можеме сите да имаме видеа од готвењето, снимањето бара уште поголем ангажман, повеќе лица или барем уште една особа плус. Затоа пак со цело срце ќе ви пренесам ако видам нешто интересно и го пробам! Продолжи со читање “Лиснати погачици со младо кромитче”
Префинета пита
Ви ветив нешто ново, а тоа е аргентинска пита со еден фантастичен вкус.
Рецептот ми е од колешка од курсот по француски, Нури. Еден ден, драгата Нури која ни е највозрасната во групата, донесе пита, тенка, префинета, исечена на мали парчиња, преубава 🙂 .
Веднаш побарав рецепт, го стокмивме на многу јазици, а следниот час ми донесе точни дози. Веднаш ја направив, па уште еднаш, што да ви кажувам, пита над питите!
Добро сега, јас сум научена на тој благо-солен вкус во Струмица, но сите ја бендисаа!
За мене ќе остане баш тоа, префинета пита, благодарам Нури 🙂
Ivin solen cheesecake
Receptite od ovoj tip sekogaš mi se ubavi, posebno so presno sirenje i mlado kromidče. Ovde presnoto sirenje ima preubav vkus, vie izberete po vaš vkus kakvo ke stavite.
Krekerite mu davaat poseben vkus, nemam zborovi da opišam kolku e ubavo… Продолжи со читање “Ivin solen cheesecake”