Сос со морков и пиперка

За мене најбрз ручек е пржено месо, ем вкусно, ем лесно. Но за да не биде секогаш исто комбинирано, еве малку поинаков гарнир за месо, всушност сос.

Продолжи со читање “Сос со морков и пиперка”

Јагнешко филе во сос од морков и пиперка

Знам дека кај нас нема вакво филе, многу поразлично е јагнешкото месо, ми требаше време да се навикнам. На ова јагнешко му треба само неколку минутки да се испржи, а исто вкусно е многу, нема трунка масно, нема неколку часови печење.

Продолжи со читање “Јагнешко филе во сос од морков и пиперка”

Медалјони со рататуј

Свинските медаљони се добри за во лето, не бараат долга подготовка.
Овој пат во комбинација со рататуј 🙂 Продолжи со читање “Медалјони со рататуј”

Тестенини со летна манџа

Летно време, само да имам сочни домати и ручекот е готов. Сос, тестенини, или мевце, пржено сиренце, готово…

Продолжи со читање “Тестенини со летна манџа”

Сарма од лозов лист

 

Време за сарма од винова лоза 🙂
Мислев дека оваа сарма се прави исто насекаде. Во групите за рецепти на фб, видов дека не е така и се зачудив 🙂

Продолжи со читање “Сарма од лозов лист”

Забелени ќофтенца

 

Нема да верувате, но во Струмица оваа преубаво јадење има можеби десет имиња!
Не ни можев да ги запаметам, но се чини секое маало има свое име!

Нашиот рецепт се разликува од другите краишта во Македонија по сосот кој се нарекува “ич” и најверојатно е дојрански рецепт, пренесен во Струмица во минатото, зашто дојранските јадења се забелуваат со јајце и лимон. Но таа кујна е веќе во изумирање, ете младите и не чуле за тој сос, што ја прави струмичката кујна уникатна во Македонија, права медитеранска и затоа гледам да ја сочувам од заборавот. Тој сос се користи за чорби, но и за сарма од лоза, тиквици, полнети пиперки и воопшто за сите долми-дулми.
Па веројатно од овде е и името кое се користи во мојата фамилија-глуу дулма, глува дулма, нешто како гола дулма 🙂
Овој пат оризот ми излезе и ќофтињата се направија како ежиња, баш декоративно, да сакав така да излезат, немаше да ми успее, сигурно. Пргав ориз некој 🙂
Прав пролетен ручек, лесен за правење, но и многу лесен за јадење, по кратко време сте гладни!

Продолжи со читање “Забелени ќофтенца”

Пржена пастрмка со сос и шпецли

 

Нешто од рибите ставив во тавата Риба во сос, нешто испржи Мишел и ете уште еден рецепт.

Инаку шпецлите се типичен швајцарски специјалитет кои сите ги обожуваат. Тие најчесто ги комбинираат со гулаш, зајак, дивеч…

Продолжи со читање “Пржена пастрмка со сос и шпецли”