Потпечен леб

 

Лебот наш насушен, често го месам дома сама, понекогаш во пекачот за леб-комплетна услуга, а и купуваме, има убав леб овде. Никако не можам да јадам топол леб, освен корката, па така најчесто дома имаме леб кој не е денешен. И најчесто го ставам кратко во рерна пред  јадење, најубав ми е така, исечен на крупно, крцкав.
Оваа убавина не е никаква креација, се прави за 10 минути.
Правев набрзина, сечев покрупно, немав време, а излезе баш вкусно… И корисно 🙂 , го искористив лебот, спанаќот, а може да се искористи по желба тоа што имате дома. Воопшто не се раководете од рецептот, направете си по ваш вкус. Доколку ви се допаѓа, еве рецепт…за секој случај 🙂

Continue reading “Потпечен леб”

Pinirlii

 

Стар, традиционален рецепт во струмичко-дојранскиот крај.

Пред некој ден им носев на колегите од курсот по француски, воодушевени беа, секако.
И по којзнае кој пат ќе речам, штета што светот вкусува вакви убавини само од нас, поединци, кои ја шириме нашата убава кујна, ги гледаме сите како се воодушевуваат и срце ни се кине, што да кажам повеќе… Continue reading “Pinirlii”

Ich mash

Ne ste ja pogrešile stranicata, makedonski e i ovoj naslov, samo na dijalekt i toa strumičko-dojranski 🙂
Vo edno dalečno vreme, 1916 godina, imalo masovno naseluvanje vo Strumica od Dojrančani…
Razvien dosta vo toa vreme, ubaviot ezerski grad Dojran, bil zapalen do temel, ne ostanalo baš ništo 🙁
Site bile evakuirani, najgolem broj se naseleni vo Strumica, vo samiot grad, a i naokolu vo selata…
Moite baba i dedo bile deca, go napuštile Dojran so svoite semejstva togaš, se naselile vo Strumica…(za toa ke pišuvam vo Blog kategorijata, naskoro…) Continue reading “Ich mash”