Виени гурабии, две варијанти

 

Старинските колачиња од тетратката на мајка ми 🙂 , еден од нејзините специјалитети.
Минатата година ги беше направила за Велигден, па ми ги покажа на Скајп.
Ми се разнежни срцето…
Заради сите спомени, минатата година ги правев за Велигден и јас, посветено на баба ми Зонка, (зашто овој рецепт всушност е од неа), а таа правела гурбии за цела горна, Варош маала, била многу мерфетлика и баш уживала да прави за другите. Интересно, но тогаш тоа не се наплаќало како кетерингот денес, се правело од љубов, од аир, за аир, за среќа.
Морав да замрзнувам лани, се собраа многу колачиња, а после кога ги одмрзнав беа преубави.  Денес случајно најдов уште едно пакетче, чудо како останало, па ми се најдоа за нови фотографии.
И за уште поголемо чудо, зашто никогаш не чувам толку долго ништо, и после цела година, исти си се, само кај да ги скријам, инаку оврт-заврт, си се дружиме 🙂

Продолжи со читање “Виени гурабии, две варијанти”

Ивини тортици

 

Тортиците сум ги правела 2014 година, не сум ги објавила никогаш како и многу други рецепти.

Направени се од пченица, ореви и слатко од портокал.

Здрав десерт, но и оброк за време на пости.

Продолжи со читање “Ивини тортици”

Татлии-татлија

 

Штом дојде пролетта во Струмица, се прави татлии со пресно сирење.
Се прави за Прочка, за Велигден, но и во обични денови.
Многу брзо се прави, ама сепак треба да ти се погоди, како велиме и на изглед, и на вкус и на шербет.

Инаку кај нас Струмичани, множината се користи да се изрази еднина, па така татлија тава е татлии. И едно парче е татлии. Токму тоа е една од главните одлики на струмичкиот дијалект, сигурно сум кажала веќе. Мислам дека се вели и татлииј, тоа ј едвај се слуша.
Но заради природните миграциските процеси, веќе овој говор е во изумирање.
Затоа од време на време го користам и на блогот, тоа е мојот јазик кој го употребувам и денеска, јазикот на кој сеуште си мислам 🙂

Татлиита често се меша со равании. Но разликата е огромна, раваниита не е со пресно сирење, а може да и се додаде ореви, бадеми…
Татлијата е без додатоци и се прави со пресно сирење.

Секако во Струмица опстојуваат повеќе рецепти во зависност од потеклото на оној што ја прави.

Продолжи со читање “Татлии-татлија”

Slatka pogača

Pogačata ja pravev za Vasilica, no može da ja napravite koga sakate…
Kako što veke rekov, majka mi pravi presno lepče i za Vasilica, samo go pravi blago, mu stava šerbet od sarliita ili baklavata.
Продолжи со читање “Slatka pogača”