Слатко од модри сливи 3

 

За новитетите, односно за она што го правам прв пат, ќе речам искрено, ме прати почетничка среќа што велат, помешана со натежнатото искуство.
Има само едно слатко од кое не бев задоволна, а тоа е слаткото од сливи, та дури правев од жолти сливи, да компензирам 🙂

Продолжи со читање “Слатко од модри сливи 3”

Слатко од модри сливи 2, со печени бадеми

Рецептот за слаткото ми е преубав, но сливите овде кога ќе се излупат, се зеленикави, оние како за слатко. Всушност зелени се тие потврдите, или на сила зреани. А ако се зрели, тогаш се многу меки и не може да се сочуваат цели при варењето.

Продолжи со читање “Слатко од модри сливи 2, со печени бадеми”

Слатко од трендафили

2013 година ми беше година на слатката. Тогаш ги сликав и објавував…Многу од слатката правам секоја година, редовно, но ова слатко не, за жал. Тогаш се потрудив бајаги за да најдам некалемени трендафили и така остана овековечено, преубаво!
Го правев во мај, тогаш му е времето и е нешто невообичаено, навистина.

Продолжи со читање “Слатко од трендафили”

Слатко од јагоди

Направив пауза, простете што не објавував, но после крвавиот четврток во Македонија, ми требаше време да се соземам, време да бидам со мисла, душа и срце, таму! Таму, дома.

Продолжи со читање “Слатко од јагоди”

Слатко од портокали

Ова слатко е и од кората на портокали, но и од помали и поголеми парчиња од портокали, а ставив и еден лимон. Количина сами си одредувате, ги мерите портокалите пред варење, кога ќе ги подготвите во парчиња, фигури и полжавчиња. Најубаво е портокалите да имаат дебела кора.
Е сега цела година имаме портокали, кога со дебела кора, кога со тенка, ниту сезона се знае, ниту вкусот е ист како оној кој го носиме во нашите сеќавања…
Сепак нека има малку, токму како се правело порано, од сé помалку.

Продолжи со читање “Слатко од портокали”

Slatko od modri slivi

Ušte edno starinsko slatko, omilenoto na Iva, a i moe…
Denes slatkata gi pravime poveke za nas samite, kako desert ili vo kombinacija so lepče…
Ovde ne pavat takvi slatka, no koga ke probaat, se vooduševuvaat…

Gosti ima, no sé poretko, za žal…Dojde vreme na alienacija, pa i slatkata za gosti, odat vo zaborav… Продолжи со читање “Slatko od modri slivi”

Слатко од лубеница

Еве стаса и слаткото од лубеница, кое е навистина преубаво…
Замислете ги креденците полни со тегли од најразлични слатка и како што сите знаеме, изнаредени што повисоко, за да не ги дофатат децата…
Слаткото било пред сé за гости, а и денес слушаме анегдоти во секое семејство, згоди и незгоди со изеденото слатко, кое требало да пречека и отсрами пред многу народ.
Потоа дојде некое ново време, во 80 и 90 купувавме од зелениот солунски пазар…
Беше чудно некое време, кога стана модерно да се вели, јас не сум по кујната, за среќа брзо помина…
Мене не ме фати таква мода никогаш, но слатката навистина почнав да ги правам многу покасно.
Мојата мајкичка правеше, ни даваше…
Сé во свое време, почнав да ги правам едно по едно…
Слатката ги сликам многу, ме фасцинираат, играта на светлина ме воодушевува, не сакам да бидам досадна, но мислам на блогот е одлично организирано ако не сакаш да ги гледаш сите фотки, не мораш 🙂

Има повеќе рецепти, а за старинскиот начин важно било да се стави малку оцет при првото варење. Според еден друг рецепт лубеницата се ставала во варова вода. Кој и да е рецепт, со една или многу води, слаткото е навистина и за пред гости, оти денес си правиме повеќе за себе…

Продолжи со читање “Слатко од лубеница”