Кифлички од кори

 

Не знам како да ги наречам, ги видов под различни имиња, различни рецепти, па направив моја варијанта.
Употребив два типа на готови кори, затоа се различни малку.

 

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • 1,5 дл вода
  • 0,5 дл зејтин
  • 1 дл јогурт или кисело млеко
  • сол

Фил

  • крем сирење
  • пиперка
  • млад кромид-перки

За премачкување

  • 2 жолчки
  • црн сусам

 

Постапка

  1. Најпрво подгответе го зејтинот, водата и јогуртот.
  2. Потоа исечете ги пиперката и перките од кромидот ситно и додадете ги во крем сирењето, додадете и сол.
  3. Сега отворете ги корите и земете 2 кори ако се многу тенки или една.
  4. Пресечете дијагонално.
  5. Првиот триаголник, премачкајте го со филот.
  6. Ставете го показалецот на аголот и почнате да собирате накај другата долга страна, помогнете си со другата рака, собирајте од двете страни.
  7. Сега спојте ги страните и ставете ја едната преку другата, за да може таму да ставите фил.
  8. Почнете да виткате баш како што виткаме сарма, се затвара од страните и се витка до крај, па се превртува и се добива оваа форма како на сликите.
  9. Се редат на хартија во плех, се премачкуваат жолчка и се посипуваат со црн сусам.
  10. Се печат додека да заруменат.

Можеби е подобро жолчката да се стави покасно, зашто може да се расипе формата, сепак зависи од корите. Едните ми беа помеки, другите поиздржливи.
Исто така може да се стави кисела вода наместо обична, вие си ги знаете корите.

На око прелични, а и на вкус! Лесно и брзо се прават, само внимавајте корите да не се сушат, треба да бидат со влажност за да се набираат.
Пријатно!

[gallery_one id=”5595″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

Leave a Reply