Погачка (од Боден дедо третиот дел)

Како што веќе реков, третиот дел од Бодениот дедо го направив погачка, ама погачка ли излезе, мераклиска!

Погачите ми се слабост, секогаш на трпезата 🙂 Интегралните се здрави, не велам не, и ги сакам, но како бела погача што може да ме израдува, тешко друга…И солена и слатка.
А овде пак зашто немаат такво тесто воопшто, уште повеќе ги сонувам и носталгична сум си си…

Главниот рецепт за Боден дедо и за погачката може да го видите овде.
Третиот дел го расукувате кора, на почеток ставате од филот, заролувате. Потоа сечете парчиња и ги редите во длабоко тенџере, премачкувате жолчка, ким, путер. Сега вие одлучете си како ќе ги направите формите и количините, можете да си направете две помали погачи со тоа брашно…
Да повторам, од состојките кај Боден дедо, добив 2 големи полжави и една погачка во cocotte (метален сад за печење, овален). Еве ја убавицата моја!

 

 

 

 

         

 

[gallery_one id=”9880″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]

 

 

 

Leave a Reply