Без сосови не можеме да си замислиме, како риба, ќофте, ребра, тестенини и што ли уште не, како без сосови? И така комбинации разни, вкусови разни…
А јас… Брзам да ставам што повеќе рецепти од стотиците необјавени, спијам и пишувам, не сакам да се жалам, но тоа е тоа! Утре може да си ги видам грешките!?
Нека и овој сос ви биде на ум, имајте го, корисен е за многу комбинации!
Состојки
- домати
- концентрат домати
- 1 главица кромид
- суви пиперки
- лук
- магданос, сол, сушен зачин, босилек
- 1 лажиче шеќер
- маслиново масло
Постапка
- Доматите се лупат, се рендат и пржат. Се додава од концентратот малку, па водичка, и нека вари.
- Во друго тавче се пржи кромидот, па се додава лукот. Испржени се ставаат во сосот.
- Се дроби пиперката и таа се додава.
- Се меша повремено, се згуснива и се додаваат зачините.
Се сервира по желба, можности многу…
Може да го замрзнете во кесички.
Пријатно!
[gallery_one id=”9951″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]