Ивини бомбици од палента

 

Палентата, кога дојдов овде, веднаш ја прекрстив, полента се вели. Не сум си го заборавила јазикот, таман работа, но ете палентата, лесно стана полента.

Continue reading “Ивини бомбици од палента”

Бомбици од ориз и мелено месо

Бомбици од ориз имам одамна објавено, но како по обичај, на блогот, прво од поновите почнувам. И солени и благи, мене ми се превкусни. Ги правев со зеленчук, со слатко од дуњи чинам беше, убавини, ги имам на страницата “Со љубов, за вас”.

Ќе се потрудам да ги поставам овде и нив, брзо.
Овие се солени, со мелено месо.

Continue reading “Бомбици од ориз и мелено месо”

Модри патлиџани во тесто

 

Модрите патлиџани, па во тесто, преубав предизвик 🙂 Едвам дочекавме да сликам и да пробаме. Превкусно беше, а ни кошничките не останаа…

Continue reading “Модри патлиџани во тесто”

Ќофтенца

 

Досега не сум објавила ќофтенца на блогот посебно, а ги правам на многу начини и сите ми се убави…
И при “најлошо” месо, секогаш се убави, однадвор крцкави, внатре мозок…

Continue reading “Ќофтенца”

Боранија во млеко

 

Овој рецепт ми беше многу актуелен порано, а сега го зачестив повторно. Баба и на Ива го правеше прекрасно, стар струмички специјалитет, да не го заборавиме.

Вообичаено правам посна боранија, а ако веќе треба да е со месо, вака најмногу ми се допаѓа.

Continue reading “Боранија во млеко”

Polneta bamja

Bamjata mi e edno od najomilenite jadenja. Često ja pravam preku leto, iako za CH e nepoznata i ja ima samo vo turski prodavnici.
Za bamjata veke site znaete kolku e zdrava, a toa što na 100 gr. ima samo 33 kcal, ja pravi ušte pointeresna, denes koga site se mačat so kilažata. Nema zasiteni masti, nema holesterol, polna e so vitamin A i C, minerali, vlakna, antioksidansi, idealna e, a mene mi e i omilena.
Lekovita e za mnogu bolesti, no mene mi e najvažno što go pojačuva imunitetot, pomaga pri anemija i osteoporoza, koja stanuva mnogu aktuelna vo naša vozrast.

Recept mi e nov, kupivme mnogu golemi bamji, rešiv da gi napolnam i ne zgrešv, vkusot beše preubav. Ovaa kombinacija mi dojde slučajno, otkako podgotvuvav nešto drugo, sledniot pat ke probam druga kombinacija, no i ke se navrakam na ovaa. Continue reading “Polneta bamja”