Ова ќе му дојде како солен млеченик, така нешто. Корите или јуфки, може да се направат и како десерт, и како баница, пита, како сакате. Мојот млеченик кој редовно го правам е благо-солен, во средина благ, по краевите солена кора со сирење, рецептот може да го видите овде. Тоа е стар струмички рецепт, а се прави и само благ, без солена кора, ќе следува рецепт.
Tag: млеченик
Благо солен млеченик
Стар струмички рецепт, благо-солен млеченик или млечник, рај за непце.
Многумина го прават само со шеќер, што е исто прекрасно, но сега прво овој рецепт, благ, ама и со кора со сирење.