Често се на нашата трпеза во најразлични варијанти. Одлично одат со павлака, кисело млеко, летна манџа, со таратор, со било какво мезе, и летно време и зимно. Грицкави, мирисни, превкусни.
Фотографиите ми се од Велигденската трпеза…
Tag: пржени
Пржени суви пиперки со траано-тарана
Реков дека сувите пиперки ми станаа главна состојка, главна храна, секогаш во комбинација… Едноставно ги обожувам.
Јас сум Македонка, верувам и во едни поинакви креации на храната, верувам во трансформацијата на храната, за да не се фрла, за да се искористи максимално, а да се создаде превкусно јадење!
Трансгенерациска порака 🙂
Често моите оброци се токму такви!
Кога ќе остане од оброкот, предизвик ми е да направам комплетно ново јадење.
Токму така настана и оваа јадење, инспирирано од традицијата.
Рецептот за тараната може да го видите овде, доколку ве интересира.
Пржени суви пиперки
Жал ми е што немам големо искуство со сувите пиперки, најолем дел од животот не сум ги користела, затоа сега гледам да надокнадам. Традициите во моето семејство бараа поинакво подготвување на пиперките. Баба ми сушеше домати, но не се сеќавам на пиперките, моите родители не сушеа и не купуваа, а јас негде од 2000 година им се посветив.
Револуционерна година за техниката, а за мене враќање кон корените за пиперките 🙂
Од досега пробаното, потпечени, варени, пржени, најмногу ми се допаѓаат пржени во малку брашно. Па и потпечени во брашно.
Еве едно брзо приготвување, вкусот не може да ве остави рамнодушни! А тек мирисот, ммм…
Модар патлиџан и млад компир
И овој рецепт е едноставен, повеќе е комбинација, но треба да оставиме трага и за вакви едноставни јадења. Модрите патлиџани за нас Струмичани се присутни секогаш кога ги има, во најразлични комбинации…
Пире со праз
Еден старински рецепт за пире кој верувам сите го правите. Ова не е макало, но секако е пире кое се јаде со леб 🙂 Македонска работа, наша работа, еми што да правиме 🙂
Во Струмица немаме макала како во Западна Македонија, но се наоѓаат многу вакви рецепти и мислам дека ние сме повеќе по прженото. Пржената храна, барем во моето семејство беше и е главна, здрава-не здрава, многу е слатка.
Печурки
Ете денес набрзинка да напишам еден едноставен рецепт, но многу важен. Печурките ни станаа придружна храна и нé инспирираат да ги подготвуваме на свој начин, по рецепти од светот или секогаш со подлога од традицијата, ех, пиперките затоа се овде. Ова е еден од моите начини.
Секако ќе следуваат разни рецепти.
Некои ги варат, некои ги пржат, како и да е, мене многу ми е важен изгледот на печурките.
Не можам да јадам црни печурки, веднаш велам ааа, станале џигер, ми се има случено и мене…
Изгледот на печурките мами, треба да си останат лични, нема што…