Ако имате уште од стариот ајвар, време е да го потрошите, иако не верувам дека ви останал 🙂 Јас правам по малку, па морам после да се докупувам. На тема модриот патлиџан, уште по некој рецепт низ годините 🙂
Tag: ролат
Бел солен ролат
Кога го видов овој ролат прв пат, веднаш го направив зашто поубав ролат немам видено, секоја чест на креаторот.
Задоволна сум, ништо не би менувала, превкусен е како што е и преубав за око.
Оригиналната фотка ме воодушеви, а мислам дека ролатите прописно ги измалтретирав со моите фото сесии.
Направив два ролати, значи дупла доза, еден со обојување на крем сирењето со сок од цвекло и другиот ролат со подварен спанаќ и сафран.
При фотографирањето убавата боја од цвеклото не ми се појави. Следниот пат ќе ставам повеќе. Инаку оригиналниот рецепт е со боја од црвен пипер.
Дозите се за еден ролат.
Риба со компир и спанаќ
Знаете дека е потребно да се јаде често риба, еднаш до два пати неделно, велат сручните лица. Колку тоа го практикуваме, зависи од многу причини, но секако советот е добар.
Струмички зелник-крашник со праз
Веќе имам објавено еден зелник инспириран од струмичкиот, може да го видите овде.
А ова е оргинал струмички, како знаат да кажат моите Струмичани.
Рецептот за тестото го добив од мојата почитувана пријателка д-р Љубинка Вета, која со љубов си ја негува традицијата, прави преубави специјалитети инспирирани од традицијата, но и нови, нејзини креации. Драга Љубинка, благодарам од срце, зелникот е преубав.
Сакам да им порачам на младите дека не треба да се плашат од работа со тесто, може да биде многу интересно. Треба само да имате добра воља.