Тавче грав со зелка

Кога ќе ви остане грав, можете да направите вакво тавче. Брзо се прави, многу вкусно е, а и здраво. Оваа тавче доаѓа од селска кујна, на која и нема замена, на која ништо не може да и биде конкуренција. Најубавиот леб, најубавите јадења под вршник, тави, манџи, зелници, по мој вкус се, и со ништо споредливи.
Начинот на подготовката, спороста на готвењето, природните состојки, досетливоста на домаќините, комбинациите на храната, уникатните вкусови на пржено месо, колбаси… сето тоа ја прави уникатна.

Continue reading “Тавче грав со зелка”

Тавче грав со спанаќ

Спанаќот го имаме овде преку цела година, речиси, но ми се случило да нема неколку денови, баш кога најмногу ми треба 🙂
И ова јадење не сум го правела порано, но ете затоа го имаме интернетот.
Дали така сите го прават, не знам, но најчесто знам да го направам кога ќе ми остане грав. Тогаш е ептен брзо, се загрева тавчето со грав во рерна, но треба да е малку воденесто. Кога ќе почне да врие, се додава спанаќот, исецкан, и се допекува. Continue reading “Тавче грав со спанаќ”