Печени ребра

Нешто посебно рецепт за ребра и не знам дали треба, но ете за помладите кои започнуваат во кујната, добро е да се има. Овде не треба ни сервирање, ниту декорации, едноставно е, само да си ги погодите на вкус и добро да ги испечете.
Вака ги правам секогаш, а друг начин е да се испечат на скара.

Continue reading “Печени ребра”

Суви, везени пиперки со грав

И сега, она нашето, она по кое сме познати, суви пиперки со грав.
Срам да им е на оние кои се срамат од оваа наше прекрасно јадење или се мајтапат уште!
Таква вкусотија не знам дали постои на светот!

Continue reading “Суви, везени пиперки со грав”

Модар патлиџан со палента

Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.

Continue reading “Модар патлиџан со палента”

Печени тиквици со каша

Еден здрав начин за подготовка на тиквички. Крцкави, ароматични, перфектно мезенце…

Сами си се печат, само кратка подготовка и имаме одличен оброк или додаток.

И за тиквиците имам стотици рецепти, таман додека сум жива да објавувам, полиени вака, неполиени онака, печени, пржени, живи, со сос, каша… 🙂

Овде се поинакви, со зелена лушпа се, има мала разлика во вкусот…

Овој рецепт повеќе е за тукашните, зашто нашите се поголеми и помеки, но ако се помали и многу свежи, изводливо е, ми се чини.

Листовите тиквици треба да станат како чипс еден вид 🙂 Continue reading “Печени тиквици со каша”